Го чува срцето, регулира холестеролот и намалува ризикот од дијабетес! Еликсир за вашето здравје!

Сподели со своите пријатели

Спанаќот е идеален зеленчук за вашето здравје. Има малку калории и богат е со витамини А, К, Ц, Б2, Б6 и Е. Списокот на придобивки што ги има за нашето здравје е навистина долг.

Loading...

Еве зошто е добро да јадете оваа зелена барем еднаш неделно:

Го подобрува здравјето на кожата

Полно е со антиоксиданти кои ја штитат кожата спречувајќи слободни радикали да се врзуваат за нашата кожа и да создаваат проблеми за нас.

Исто така е богат со витамини Ц и Е, а познато е дека витаминот Е делува како заштитно средство за кожата од УВ зраците. Витаминот Ц го поддржува колагенот во нашата кожа, и тој спречува брчки и ја стимулира еластичноста на кожата.

 

 

Loading...

Ги зајакнува мускулите

Овој зеленчук има и голем број нитрати кои помагаат во градењето на мускулите. Со редовна употреба, мускулите можат полесно да издржат напор и да се развиваат побрзо.

Го чува срцето

Гликолипидите кои се наоѓаат во овој зелен зеленчук му помагаат на телото да произведе азотен оксид, а оваа молекула доведува до проширување на крвните садови, а со тоа и до помал стрес на срцето.

Крвта на тој начин полесно циркулира во телото, а крвниот притисок се намалува.

 

 

Loading...

Го намалува ризикот од дијабетес

Спанаќот исто така содржи магнезиум, кој го регулира нивото на шеќер во крвта, и ова е многу важно со цел да се намали ризикот од заболување од дијабетес.

Консумирајќи спанаќ, внесуваме доволно количество магнезиум. Една порција спанаќ на ден содржи шест проценти од дневниот внес.

Го подобрува варењето на храната

Една порција од овој зеленчук содржи и три проценти од препорачаниот дневен внес на растителни влакна, и тие се клучни за добро цревно здравје и правилен метаболизам.

Може да го намали холестеролот

Лутеинот содржан во оваа храна спречува и висок холестерол затоа што помага да не заглави во артериите.

 

Loading...

 

Го зачувува здравјето на очите

Спанаќот ги штити нашите очи од штетно УВ зрачење, но и од дегенеративна состојба – катаракта на очите.

Го подобрува расположението

Покрај тоа што е добар за физичкото здравје, спанаќот има добар ефект и врз менталното здравје. Како и другиот лиснат и зелен зеленчук, тој се смета за природен антидепресив.

Loading...

Исхраната е поврзана и со здравјето на мозокот, а магнезиумот помага во спречување на депресија.

Зголемувањето на магнезиумот нè прави посреќни затоа што влијае на нивото на серотонин.

Leave a Reply