ГЛЕЧЕРИТЕ ИСЧЕЗНУВААТ: Климатските промени ги менуваат Алпите

Сподели со своите пријатели

Најпознатите врвови на Алпите, Монблан и Матерхорн, почнаа да се менуваат поради климатските промени, зголемувајќи го ризикот од паѓање на карпите и глечерите, велат научниците.

Loading...

Јан Бојтел од универзитетот ЕТХ во Швајцарија рече дека деновиве не би можел долго да се задржи на местата кои порано биле места за одмор заради опасност од паѓање на карпи, додавајќи дека нешто поголемо од половина јаболко е потенцијално смртоносно.

„Планината секогаш се менува, но нема сомнение – има сè повеќе одрони на камења“, вели Бојтел.

Една од причините за лизгање на земјиштето е топење на вечниот мраз – карпи и седименти кои обично се покриени со мраз во текот на целата година.

„Ние гледаме јасен тренд на затоплување во областа на вечен мраз, особено по 2010 година“, рече Жанет Нецли од Институтот Давос за истражување на снег и снежни врнежи.

Според неа, во текот на летото се топат највисоките слоеви на вечен мраз и постои очигледна тенденција да се зголеми тој растопен слој.

На италијанската страна на Монбалан на границата со Франција, локалното население е загрижено бидејќи глечерот „Планписје“ почна да се лизга се побрзо кон долината поради глобалното затоплување.

На глечерот е инсталиран радар, кој секојдневно ги следи движењата на ледената маса.

Loading...

Некои научници тврдат дека се претерува со ризикот од лизгање на тони мраз и затрупање жители и туристи.

„Нема ризик за Вал Ферет, дури и ако се излизгаат 250.000 метри“, рече климатологот Масимилијано Фацини од универзитетот Ферара.

Тој исто така верува дека предупредувањата се претерани и дека жителите и туристите не се во опасност.

Leave a Reply