Гласањето во Куманово е во тек, со помали технички проблеми (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Гласањето во Куманово е во тек, со помали технички проблеми (ВИДЕО)

Loading...

Гласањето на сите 167 избирачки места во Куманово е во тек, но некаде се одвива со помали технички проблеми, информираат денеска од Општинската изборна комисија.

Како што рече Бранкица Димковиќ, претседателка на ОИК Куманово, техничките проблеми се поврзани со работењето на фингерпринт уредите.

– Имаме инжинери што идат на лице место и тоа во најбрз можен рок се средува да немаат проблем претседателите на избирачките одбори, изјави Димковиќ.

 

 

Доколку не функционира терминалот се заменува со нов, а ако некое лице го има во избирачкиот список, но не и во биометриските уреди, ќе му биде дозволено да гласа.

Loading...

– Во случај кога не функционира терминалот се заменува со нов. На лице место се носи нов со полициска придружба се доставува до гласачкото место се заменува и се продолжува со гласање. Доколку некој од лицето го име во избирачкиот список, а не поминува на фингерпринт, тоагаш претседателот на избирачкиот одбор дава да гласа со отпечаток од прст, УВ лампа и спреј, појаснува Димковиќ.

Засега нема прекин повеќе од три часа на ниту едно од гласачките места и сите технички проблеми се отстрануваат навремено, додава претседателката на ОИК Куманово, која додава дека на располагање имаат 12 ИТ инжинери.

Никола Ивановски