Ѓорѓиевска и „Кумановски акцијаши“ разговараа за акции за заштита на животната средина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска денеска оставари средба со Граѓанската организација „Кумановски акцијаши“, а тема на разговор биле проекти и акции за подобрување на животната средина.

Loading...

 

 

Како што рече Ѓорѓиевска денеска ѝ била доставена предлог програма за заштита и одржување на животната средина која би влегла во програма на општината доколку тоа го изгласаат членовите на Советот.

– Програмата ќе биде разгледана од Советот на Општина Куманово и се надевам на една плодна соработка. Бидејќи сум во делот на образование, долго време сум во образование, знам што значи волонтерска работа, знам што значи како треба децата да се воспитаат уште на почеток и колку значи едно вакво волонтерско здружение Кумановски акцијаши. Што се однесува до мене, како дел од Советот на Општина Куманово ја имаат целата моја поддршка, но за реализација на предлог активностите допрва ќе се зборува и заедно ќе се договараме, рече Ѓорѓиевска.

 

Loading...

 

Сите граѓански организации во Куманово ќе ја добијат мојата поддршка, рече Ѓоѓриевска, оти можат да влијаат врз општествениот живот на градот.

Активностите и акциите како што појасни Јуско Магаш, претседател на „Кумановски акцијаши“ би биле од едукативен и работен карактер.

– Мерките кои ние ги предлагаме ги опфаќаат сите граѓани на Куманово, поаѓајќи од семејството, улицата, маалото, здруженијата на граѓани кои за жал во поголема мерка се надвор од она што ние го правиме и со ова програма во координација, соработка, реализација на советот веруваме дека можеме да дојдеме до она што нема да кажам создавање на еколошка свест, затоа што свеста си постои, туку будење на свеста за да добиеме конкретни резултати во областа на унапредувањето на животната средина, рече тој.

 

 

Инаку, Кумановски акцијаши во текот на изминатите години организираа низа акции за чистење на дивите депонии и унапредување на животната средина.

Loading...

Никола Ивановски