Германската економија тоне: Индустриското производство падна

Сподели со своите пријатели

Индустриското производство во Германија падна за 3,4 отсто во март во споредба со претходниот месец, објави денеска германската федерална статистичка служба Дестатис.

Loading...

Овој резултат е значително полош од претходните прогнози на пазарот, кои предвидуваа пад од 1,3 отсто.

Најголемо намалување во однос на претходниот месец е забележано во автомобилската индустрија, за 6,5 отсто, како и во градежната индустрија – за 4,6 отсто, а намалено е и производството на машини – за 3,4 отсто.

Индустриското производство, без градежната индустрија и производството на енергија, падна за 3,3 отсто.

Германците, сепак, можат да бидат задоволни со овие резултати во споредба со истиот месец минатата година, бидејќи индустриското производство се зголеми за 1,8 отсто во однос на март 2022 година.

Производството во Германија во првиот квартал од 2023 година е зголемено за 2,5 отсто во однос на претходниот квартал, објави Дестатис, пренесе Танјуг.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.