Германија воведува нови мерки за Ковид

Сподели со своите пријатели

Германската влада воведува нови мерки и нови правила во борбата против коронавирусот.

Loading...

Целта е подобра заштита од нов бран на инфекции во есенските месеци. Се најавува и пуштање четири нови вакцини на пазарот.

Министерот за правда Марко Бушман (ФДП) и министерот за здравство Карл Лаутербах (СПД) ги презентираа плановите на Владата за промена на законот за заштита од инфекции.

Ова се правила за поуспешна борба против коронавирусот во претстојните есенски и зимски месеци.

Мерки од 1 октомври 2022 до 07 април 2023 година

Планот предвидува постепено воведување мерки во зависност од состојбата во државата.

Под името „зимски гуми“ се споменуваат мерките кои ќе важат од 1 октомври годинава до 7 април 2023 година – без разлика на инциденцата.

Во таа група мерки, носење FFP2-маски во воздушниот сообраќај, во брзите возови, односно задолжително тестирање пред влез во болници и слични установи – освен ако некој не бил вакциниран или го прележал корона вирусот пред повеќе од три месеци.

Во случај на влошување на ситуацијата, стапуваат на сила нови мерки, Германија става „зимски синџири“.

Loading...

Сојузните провинции можат да воведат обврска за носење FFP2-маски во јавните институции, односно во ресторани, културни институции или каде што луѓето се собираат за време на слободното време.

Предуслов за воведување на овие мерки е одлуката на надлежниот парламент.

Новите правила би можеле да бидат усвоени од Бундестагот на почетокот на септември.

Бундесратот (Горниот дом) би гласал за нив на 16 септември, така што новите правила би стапиле во сила пред истекот на сегашните.

Засега не е јасно дали покраините ќе го поддржат владиниот концепт. Од сојузната влада може да се слушне дека засега нема забелешки за планираниот пакет мерки.

Нема затворања на училишта

Целта на федералната влада е земјата да ја „преживее“ следната пандемија зима без ново заклучување и забрана за излегување на граѓаните на улица.

 „Наместо тоа, ние се фокусираме на мерки кои се ефективни и прифатливи“, вели Бушман.

„Повеќе не сметаме дека затворањето на училишта е соодветен потег“.

Loading...

Лаутербах додаде дека во текот на зимата го очекува „релативно тешка состојба“ поради многу заразната варијанта на коронавирусот.

„Се чини релативно сигурно дека ќе се бориме со една омикронска мутација во текот на есента“, потенцираше министерот за здравство. „Ќе имаме многу случаи, но тие нема да бидат толку смртоносни како варијантата на делта.

Нови вакцини и Паксловид

Лаутербах рече дека наскоро очекува четири нови вакцини кои најрано на 9 септември би можеле да добијат „зелено светло“ од надлежните институции.

Новите вакцини би биле поефикасни за заштита на граѓаните од инфекции, а не само за спречување на потешки форми на болеста.

А тука е и Paxlovid, лек кој значително ја намалува стапката на смртност од коронавирусот.

„Генерално, сега сме во многу подобра ситуација отколку минатата есен“, вели Лаутербах.

Позитивни реакции

Зелените тврдат дека тоа е компромис кој е основа за добра подготовка за есен и зима.

Постапката која предвидува постепено воведување мерки обезбедува правна сигурност, а на покраините им нуди можност соодветно да реагираат на развојот на ситуацијата.

Loading...

Освен тоа, ги зема предвид и основните слободи, коментираат Марија Клајн-Шмајнк и Константин фон Ноц во име на пратеничката група на Партијата на зелените во Бундестагот, пишува ДВ.

Првата позитивна реакција на владините мерки доаѓа од стопанството.

Трговијата и хотелиерството повеќе нема да бидат засегнати со паушални и остри мерки, најавуваат од Здружението ЗИА, кое обединува компании од областа на бизнисот со недвижности.

Во соопштението се додава: „Тоа ќе заштеди десетици илјади работни места и безброј бизниси во Германија“.