Германија: Спасувачите изгубија надеж за преживеани во поплавите

Сподели со своите пријатели

Една недела по катастрофалните поплави во западна Германија, спасувачите повеќе не веруваат дека ќе најдат преживеани, соопштија во средата претставници на цивилната заштита.

Loading...

„Потрагата по исчезнатите се уште трае, ние испумпуваме подруми на куќи, но во моментов е многу веројатно дека ќе најдеме жртви, а не преживеани“, рече во средата потпретседателот на германската цивилна заштита (THW) Сабине Лакнер.

Во моментов, повеќе од 150 лица се бараат само во областа Ахрвајлер, која беше најтешко погодена од поплавите што го погодија западот на земјата во средата вечерта. Во средата наутро, сегашниот биланс на жртви беше 170.

Околу 40.000 жители на сојузните покраини Рајнска област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија се погодени од поплавите.

Германското лекарско здружение изрази загриженост за неможноста веднаш да се згрижат пациентите на самото место со оглед на тоа што се уште нема електрична енергија и вода во големи делови од поплавените подрачја

И многу патишта се оштетени или отсечени. Германските железници соопштија дека сообраќајот на околу 600 километри железници во погодените региони во моментов е во прекин.

Седум регионални железници се оштетени до тој степен што ќе биде потребна нова инсталација.

Лакнер посочи на опасноста од дебати за вина за недоволно информирање на граѓаните пред претстојните поплави.

Loading...

„Секако дека ќе мора да ги анализираме настаните, но дискусијата за тоа сега, неколку дена по катастрофата, е повеќе од несоодветна“, рече Лакнер.

Таа се залагаше во иднина, во процесот на алармирање и информирање на граѓаните, да се интензивираат веќе отфрлените помагала, како што се сирените.

Leave a Reply