Германија го собори рекордот во извоз на оружје

Сподели со своите пријатели

Германската влада и оваа година го собори рекордот во извоз на оружје, одобрувајќи продажба од најмалку 11,71 милијарди евра, покажуваат официјалните податоци.

Loading...

Досегашниот рекорд од 9,35 милијарди евра од 2021 година е надминат веќе кон средината на декември, за 25 отсто, покажуваат податоците што ги објави Министерството за економија на барање на Собранието.

Во споредба со минатата година, сумата е поголема за 40 отсто, што ја одразува двојно поголемата вредност на испораките во Украина од дури 4,15 милијарди евра.

Речиси 90 отсто од извезеното оружје и воена опрема оваа година беа испорачани во други членки на ЕУ и НАТО, Украина и земји како Јапонија, Австралија и Јужна Кореја.

Владата даде зелено светло и за извоз во вредност од 1,18 милијарди евра на група трети земји како Израел, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Испораките во Израел годинава се зголемија за десет пати на 323,2 милиони евра.

Владата издаде најголем дел од над 200 извозни дозволи по упадот на Хамас на 7 октомври на израелска територија, забележува агенцијата ДПА, пренесува Хина.