Гените влијаат на сексуалното однесување, но не и на ориентацијата

Сподели со своите пријатели

Гените влијаат врз сексуалното однесување, но нема специфични гени што некого би направиле геј, покажуваат новите истражувања направени во САД и Европа.

Loading...

Анкетата за геном на ДНК во која учествувале скоро половина милион американски и британски возрасни лица, идентификуваше пет генетски варијанти кои претходно не биле поврзани со хомосексуалноста.

Варијантите биле почести кај луѓето кои рекле дека некогаш имале истополов партнер.

Истражувачите објавија дека се вклучени илјадници генетски варијанти кои комуницираат со ненаследени фактори, но никој од нив не може да предвиди дали некој ќе биде геј.

Студијата „пружа најјасен увид во генетските основи на истополовите сексуални однесувања“, рече коавторот Бенџамин Нил, психијатриски генетичар во Институтот Брод во Кембриџ.

Тој додава дека е невозможно да се предвиди сексуалното однесување на една личност од нивниот геном, но дека генетиката сепак е важен фактор.

Резултатите се засноваат на генетско тестирање и одговори на анкети. Студијата е соработка на научници вклучувајќи психолози, социолози и статистичари од САД, Велика Британија, Европа и Австралија.

Некои варијанти се присутни и кај мажи и кај жени. Истражувачите посочуваат дека фокусот на студијата е на сексуалното однесување, а не на идентитетот или ориентацијата.

Loading...

Тие исто така забележуваат дека во истражувањето се вклучени само луѓе со европско потекло и не можат да одговорат дали ќе се најдат слични резултати во други групи.

Потеклото на истополово однесување е непознато. Многу научници веруваат дека тоа е под влијание на социјални, културни, семејни и други биолошки фактори, додека некои религиозни групи и скептици сметаат дека тоа е избор или однесување што може да се промени.

Leave a Reply