„ГА-МА“ донираше заштитна опрема за кумановските пожарникари

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Заштитни скафандери, визир маски, заштитни маски, заштитни ракавици и гелови за дезинфекција во вредност од 260 000 денари АД ГА-МА Скопје денеска донираше на 4 територијални противпожарни служби во Куманово, Скопје , Струга и Тетово.

Александар Арсиќ, извршен директор на АД ГА-МА вели дека донацијата е за пожарникарите кои секојдневно учествуваат во акции од различен тип и сметаат дека и нивното здравје мора да биде заштитено.

,,ГА-МА АД Скопје како општествено одговорна фирма денеска оствари донација на четири Територијални противпожарни единици Скопје, Куманово, Струга и Тетово. Донацијата се состои во заштитни скафандери, визир маски, заштитни маски, заштитни ракавици и гелови за дезинфекција во вредност од 260000 денари”- изјави Арсиќ.

 

Leave a Reply