Формирани мобилни тимови на Црвен крст за набавки на неопходни продукти за лица во самоизолација

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека се формирани  мобилни тимови на Црвен крст  чија задача е да вршат неопходна набавка на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена за лицата во самоизолација и истите да ги достават до домовите.

Loading...

Мобилните тимови се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош.

Сервисната услуга на мобилните тимови на Црвениот крст е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат финансиски средства само за артиклите  кои ќе треба да им се набават.

Мобилните тимови овозможуваат поддршка на лицата на кои таа им е најнеопходна и кои поради мерките и препораките за заштита и превенција од коронавирусот не можат да ги напуштаат своите домови.

Во продолжение контактите по градови:

ООЦК/ЦКГС Број за контакт Временска рамка на функционирање
Битола 047 236 019 08 – 12 часот
Делчево 033 412 010 09 – 13 часот
Велес 078 254 729, 075 272 485, 075 247 637 08 – 18 часот
Кавадарци 070 239 352  
Кичево 045 225 324 08:30 – 12 часот
Кочани 071 373 677 09 – 14 часот
Крушево 071 379 920 08 – 12 часот
Охрид 046 261 909, 070 315 309, 13 112 08 – 16 часот
Свети Николе 032 443 171, 074 600 171 08 – 13 часот
Струга 071 398 424 08 – 12 часот
Струмица 071 345 901 10 – 12 часот

Интегрално соопштение: Министерство за труд и социјална политика

Leave a Reply