Фон дер Лајен ги подготвува граѓаните на ЕУ за долга војна. Министерот за правда не гледа опасност Германија да стане учесник во војната доколку ѝ достави тешко оружје на Украина, а вели и дека Путин е исклучен од истрагата за воени злосторства, пишува Дојче веле.
Германскиот јавен сервис АРД објави дека украинскиот претседател Владимир Зеленски во друго видео обраќање до нацијата го повторил барањето за тешко оружје од западните партнери:
Една петтина од човештвото може да биде осиромашена поради кризата во Украина
„Или нашите партнери ќе ѝ го дадат на Украина целото неопходно тешко оружје и авиони – без претерување, веднаш – за да го ублажиме притисокот на окупаторите врз Мариупол и да ја прекинеме блокадата, или тоа ќе го направиме преку преговори, во кои улогата на нашите партнерите треба да бидат клучни“.
И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, апелираше до земјите од ЕУ брзо да достават оружје во Украина.
– Тоа се однесува на сите земји-членки, кои можат брзо да испорачаат, бидејќи само така Украина може да преживее во акутната одбранбена борба против Русија – изјави фон дер Лајен за „Билд ам Зонтаг“.
ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Жена во Харков оди по улица, а гранати паѓаат на неколку метри од неа (ВИДЕО)
– Не разликувам тешко и лесно оружје. Украина треба да го добие она што и треба за одбрана и што може да се справи – продолжи фон дер Лајен.
Претседателот на Европската комисија ги подготви граѓаните на Европа за долг воен конфликт:
„Мораме да направиме се што можеме за да заврши војната што е можно поскоро. Во исто време, мора да се подготвиме војната да трае со месеци, во најлош случај, можеби и со години“.