Филмот кој го освои „Санденс“ во четврток во Куманово

Сподели со своите пријатели

Македонскиот филм „Медена земја“ кој освои симпатии и награди на многу светски фестивали, во четврток премиерно ќе биде прикажан во МКЦ „Козјак“ во Куманово со почеток од 20 часот.

Loading...

Станува збор за најнаградуваниот македонски документарен филм, кој на почетокот на 2019-та се закити со 3 главни награди на престижниот фестивал Sundance.

Филмот е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“ и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија. Реализиран е во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координиран од „Фармахем“.

„Медена земја“ раскажува за последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа – 50-годишната Атиџе која живее со својата мајка во едно напуштено село во централна Македонија.

Таа се обидува да ги спаси пчелите и природниот баланс во природата и медот го дели со тие што ѝ се ресурс – пчелите. Половина зема за себе, а половина им остава ним. Тоа, според режисерите, е и главната порака спротивна на општиот консумеризам.

Leave a Reply