Филмот „Џокер“ урива рекорди во светските кина

Сподели со своите пријатели

Филмот „Џокер“, во кој глуми Хоакин Феникс, заработи 93,5 милиони американски долари од продажба на билети во 4.474 кина во Северна Америка, откако беше премиерно прикажа минатиот викенд, соборувајќи го октомврискиот рекорд во благајните.

Loading...

Претходно, филмот „Venom“ го држеше рекордот откако оствари 80 милиони долари по премиерата минатиот октомври.

Во другите делови на светот, „Џокер“ досега оствари 140,5 милиони долари, што значи дека досега оствари вкупно 234 милиони долари.

Режисерот и студиото зад филмот се чини дека имаат причина да се радуваат, бидејќи публиката се упати кон кината и покрај насилната тема што доведе до зголемена безбедност околу киното и забрана за носење костипи при гледање на филмот, пренесува агенцијата.

Некои гледачи откриле дека дури и ја напуштиле проекцијата заради вознемирувачката содржина.

Leave a Reply