Филипини нудат медицински сестри во замена за вакцини

Сподели со своите пријатели

Филипините ќе дозволат на илјадници нивни здравствени работници да работат во Германија и Велика Британија доколку овие две држави се согласат да им ги донираат потребните вакцини, пишува Ројтерс.

Loading...

Филипините, земја каде бројот на заболени од коронавирус е меѓу најголемите во Азија, ги намали ограничувањата за вработување во странство на нејзините здравствени работници, но тој број останува ограничен на 5.000 на кои им е дозволено да ја напуштаат земјата годишно.

 

 

Алис Висперас, директорка на канцеларијата за труд во странство во Министерството за труд, вели дека Филипините се подготвени да ги отстранат ограничувањата во замена за вакцините од Велика Британија и Германија, кои би биле искористени за вакцинирање на работници кои заминуваат во странство и стотици илјади Филипинци кои се враќаат во нивната земја.

Медицинските сестри се многубројни меѓу милиони филипински работници, што носи повеќе од 30 милијарди годишно на дознаки потребни на земјата.

Leave a Reply