Филипче: Состојбата во болниците е многу сериозна

Сподели со своите пријатели

Состојбата во болниците е многу сериозна, порача министерот за здравство Венко Филипче, по денешната координација со директорите на Клиниките.

Loading...

– Утрово имав редовна координација со директорите на Клиниките на која  разговараме за состојбата на хопситализираните пациенти со ковид, болничките капацитети, терпиите… Здравствениот систем секојдневно се менаџира,се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.

Затоа, како што додава тој, од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата.

Сепак и покрај сериозноста на болниците Министерството за здравство вчера излезе со став дека нема птореба од дополнителни рестриктивни мерки оти вирусот е веќе премногу раширен.

Никола Ивановски

Leave a Reply