Филипче: Повикувам на максимално почитување на мерките

Сподели со своите пријатели

Министерот за здравство Венко Филипче утринава одржа состанок со членовите на Комисијата за заразни болести и претседателката на Националниот комитет за имунизација проф. д-р Александра Грозданова, на кој се разгледувала епидемиолошката состојба.

Loading...

Како што вели министерот Филипче, состојбата од ден во ден станува се посериозна.

– Менаџирањето на ситуацијата индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога на сила стапуваат новите мерки, напиша министерот Филипче на Фејсбук.

 

 

Процесот на вакцинација, вели министерот, се одвива непречено на сите пунктови низ државата и се надева дека овој тренд на зголемена заинтересираност и натаму ќе продолжи.

– Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење на лична хигиена и вклучување во процесот на имунизација. Вакцините штитат од тежок тек на болеста, од смртен исход и го отежнуваат неконтролираното ширење на вирусот, стои во објавата на Филипче.

Loading...

Никола Ивановски