Филипче: Многу млади изгубени животи

Сподели со своите пријатели

„Веста за страшната трагедија што се случи во Бугарија не потресе сите“, напиша на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче, откако рано утрово ги посети преживеаните лица во страотната сообраќајка што се случи во Бугарија, а во која загинаа најмалку 45 лица.

Loading...

– Многу млади изгубени животи, неизмерна тага и болка за семејствата до кои изразувам сочувство. Утрово во болницата во Софија ги посетив патниците кои ја преживеаја страотната сообраќајка. Во разговор со колегите од Клиниката, пациентите се згрижени, соодветно третирани и сите се стабилни и надвор од животна опасност, напиша Филипче.

Никола Ивановски