Филипче: Ќе се препорача трета доза од вакцината за лица со послаб имунитет

Сподели со своите пријатели

Лицата со послаб имунитет ќе добијат препорака за трета доза на вакцина против коронавирусот, најави денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

– Утринава имаше уште една препорака од Комитетот за вакцинација, а тоа е дека ќе се препорача трета доза кај луѓе кои се имунокомпромитирани. Според препораката на ЦДЦ и здравствените институции во Соединетите Американски Држави, изјави Филипче.

Како што појасни министерот, со трета доза ќе бидат вакцинирани пациенти кои се на хронична дијализа и други категории со слаб имунитет.

Препораката се очекува да се официјализира во текот на оваа недела.

Никола Ивановски