Контроверзниот четиридневен секс фестивал кој нуди неограничени количини на дрога, алкохол и оргии со проститутки оваа година се врати на приватен карипски остров, откако минатата година предизвика голем гнев, па на крајот беше откажан под притисок на колумбиските власти.
Оваа година на островот на сексот, на мажите ќе им бидат понудени по две Латиноамерикански, секс шоу во живо, забави на луксузна јахта и разни изненадувања.
Цената за четири дена изнесува 5.700 евра.
Фестивал познат по оргиите пред укинување, затоа што луѓето претерувале (ФОТО+ВИДЕО)
Loading...
Секс фестивалот се случува на рпиватен карипски остров на кој дрогата не е забранета, а на мажите им се ветува „неограничен секс“, размена на партнерки и исполнување на сите сексуални фантазии додека се забавуваат „како милионери“, тврдат организаторите.
Минатата година островот на сексот предизвика гнев, а многумина го нарекоа „одвратен“ и „страшен“ и ги повикаа властите да истражат што се случува на него. Организаторите тврделе дека ја преместиле секс забавата на друга локација поради безбедносни причини, а не поради гневот на јавноста. Подоцна ги објавиле и плановите за новогодишната верзија на забавата, а оваа година се враќаат и со нова веб страница и Јутјуб видео со секси кадри.
Јавноста ги обвини дека тргуваат со луѓе, а организаторите ги отфрлија сите обвиненија, тврдејќи дека збаавата е легална во неименуваната земја, а сите жени учествуваат своеволно и се над 18 години. Хаштаговите на социјалните мрежи откриваат дека се работи за Кариби и Колумбија.
ПЕКОЛ ИЛИ РАЈ? Овој преубав остров крие мрачна тајна од која ќе се наежите (ВИДЕО)
На страницата пишува дека 60 жени ќе се потрудат да им удоволат на мажите „кои ќе се чувствуваат како кралеви“. Се додава дека сите жени се тестирани и немаат сексуално преносливи болести. Фестивалот би требало да се одржи од 14 до 17 декември.
– Гостите не влегуваат во Колумбија, туку доаѓаат право на Кариби, па колумбиската полиција и властите немаат никакви врски со тоа. не можеме да откриеме во која земја се наоѓаат девојките, но се што можеме да кажеме е дека се добро платени и на никој начин не се присилени на ова. Продадовме 23 влезници за секс островот, а нашите клиенти доаѓаат од целиот свет. Сите платија цена од 5.700 евра која вклучува неограничен секс, храна итн. – тврдат организаторите.
Меѓу гостите наводно има познати поп ѕвезди, една од САД и една од Велика Британија, додека 16 мажи платиле дополнителни 8.700 евра за да на островот уживаат недела дена.
https://youtu.be/ATTS_Hv0G1A