Фејсбук тестира нова застрашувачка апликација

Сподели со своите пријатели

Фејсбук разви апликација која ги препознава луѓето врз основа на лицето и го пренасочува корисникот на неговиот профил. Апликацијата не е достапна за јавноста, а компанијата тврди дека ја користеле само вработените.

Loading...

Во јавноста протече информација дека е доволно само да се сврти камерата кон некоја личност и веднаш на екранот се појавува неговото име, презиме и фотографија од профилот од Фејсбук.

Станува збор за, според „Форбс“, страшна апликација која ја развила компанијата на Марк Закерберг.

Ваквата опција би можела да го уништи и она малку што остана од приватноста на Интернет и е развиена така што ќе може да се применува на луѓе кои на Фејсбук ја имаат активирано опцијата за препознавање лица.

Ова е, според порталите, уште еден доказ за тоа колку е опасно споделувањето лични информации и фотографии на интернет и социјалните мрежи, затоа што доколку се користи апликација како оваа, за да се идентификуваат луѓето, секој би можел да знае нечие име и да ги има информациите веднаш штом ќе го видат на улица.

Фејсбук започна да ја развива оваа апликација во 2015 и 2016 година и беше тестирана на вработените во компанијата и нивните пријатели.

Администрацијата на Фејсбук тврди дека тие редовно тестираат нови технологии внатрешно, и дека со апликацијата за препознавање на лицето, тие би можеле да ги препознаат само своите вработени и нивните пријатели со активирана функција за препознавање на лицето, но не и други.

Од друга страна, сосема е јасно дека Фејсбук има напреден алгоритам за идентификување на луѓето преку интернет, а едноставен доказ е препознавање на вашите пријатели на фотографиите што ги објавувате на вашиот ѕид.

Loading...

Leave a Reply