Фејсбук се согласи на казната од пет милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Федералната трговска комисија (FTC) официјално потврди дека Фејсбук прифатил да плати рекордна казна од пет милијарди долари поради нарушување на приватноста на корисниците, а во врска со скандалот со британската фирма „Кембриџ аналитика“.

Loading...

Покрај казната фирмата прифатила и 20-годишен договор со кој се обрврзува дека ќе ја засили својата политика за приватност на податоците.

Договорот од Фејсбук бара да направи големи структурни промени, кои компанијата, односно нејзините раководители, ќе ги направи одговорни за одлуките кои ги носат за приватноста и податоците на корисниците.

Споре FTC, Фејсбук во повеќе наврати ги измамувал корисниците со подесувањата за да ги менува нивните преференци на приватноста користејќи ја наредбата од 2012 година која барала од социјалните мрежи да добиваат експлицитна согласност од корисниците за споделување нивни лични податоци.

Новата организациска рамка ќе ги покрие, не само Фејсбук, туку и нејзините сервиси Вотсап и Инстаграм.

Leave a Reply