Фејсбук отстрани 7 милиони објави со лажни информации за коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Фејсбук објави дека отстрани седум милиони објави во второто тримесечје од оваа година, како резултат на споделување на лажни информации за новиот коронавирус, вклучително и содржина што промовирала лажни превентивни мерки и лекови, пренесува Ројтерс.

Loading...

Фејсбук ги објави податоците како дел од шестиот извештај за усогласеност со стандардите на однесување на социјалната мрежа, воведен во 2018 година, заедно со построги правила за пристојност, по критиките дека компанијата е блага во контролата на содржината на своите платформи.

Фејсбук соопшти дека ќе покани независни експерти да ги проверат извештаите, почнувајќи од 2021 година.

Фејсбук отстрани околу 22,5 милиони објави со говор на омраза на својата апликација во вториот квартал од оваа година и 9,6 милиони во првиот.

Тој исто така избришал 8,7 милиони објавувања поврзани со екстремистичките организации, споредено со 6,3 милиони во претходниот период.

Компанијат аповеќе се потпирала на вештачката интелигенција во текот на април, мај и јуни, бидејќи имаше помалку работници во канцелариите поради пандемијата на коронавирус.

Leave a Reply