Фејсбук ќе плати казна: Износ на сума која ја заработува за 5,5 минути

Сподели со своите пријатели

Поради скандалот со „Кембриџ аналитика“, калифорнискиот џин на Лондон ќе мора да му исплати половина милион фунти, што за него е симболична сума на пари.

Британија на компанијата на Марк Зукерберг одреди казна во вредност од околу 660.000 долари, што е прва глоба за американската мрежа поради кршење на приватноста на 87 милиони корисници, но несомнено мала во однос на вредноста на компанија (590 милијарди долари).

Зукерберг: Јас го основав Фејсбук, ја прифаќам одговорноста

Loading...

Регулаторното тело во Лондон соопшти дека ИТ џинот ќе мора да плати казна од 663.850 долари поради злоупотреба на лични податоци, што е најголема сума која ја предвидуваат британските закони и свота која калифорниската компанија ја заработува за пет и пол минути, јавува Гардијан.

Се наведува дека технолошкиот гигант криел од други компании дека овозможувал да имаат информации за неговите корисници. Особено се замерува дека на пропостот сопствениците на профилот да ги заштити од компанијата „Кембриџ аналитика“ која, како што поранешниот вработен изнесе во јавност пред неколку месеци, без одобрение собрала лични податоци на 87 милиони луѓе на Фејсбук.

Leave a Reply