Фатмири Идризи поднесе оставка во Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Членот на советот на Општина Куманово од редовите на ДУИ Фатмир Идризи денеска поднесе оставка од функцијата, откако претходно беше назначен за директор на хидроцентралата „Треска“.

Loading...

Како што рече претседателот на Комисијата за мандат и именувања, Томица Илиќ, новата функција според Законот за спречување на корупција и судир на интереси , забранува вршење на двете функции.

– Комисијата за мандат и менувања, предлага на советот да ја прифати оставката на Фатмир Идризи, поради неспоивост на извршување функции на советник и новото работно место според Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Доколку се прифати оваа оставка би му посакал многу успех во понатамошната кариера, благодарам на досегашната соработка и се надевам дека во иднина ќе ни се вркстат патиштата и ќе имаме можност повторно да соработуваме со нашиот колега, рече Илиќ.

Желби за успех на новото работно место му посака и претседателката на Советот, Атина Мургашанска, која додаде дека нов член на Советот ќе се избере за следната седница.

– Во мое лично име, во името на сите членови и општинта, вработените, претставниците на јавните институции и установи искажувам благодарност за конструктивното учество овие три и пол години на Фатмир Идризи кој беше координатор на партијата ДУИ и му посакувам многу успех, тој е назначен за директор на хидроцентрала Треска, му посакуваме да биде успешен на новата позиција, изјави Мургашанска.

Советот на Општина Куманово сега треба да достави известување до Општинската изборна комисија која ќе го именува новиот член, односно следниот кој бил на листата на кандидати за советници на ДУИ на минатите локални избори.

Оставката на Идризи беше прифатена едногласно од останатите членови на Советот.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply