Европски совет: „Бунтот на Вагнер е внатрешна работа на Русија“

Сподели со своите пријатели

Од рано утрово, на 24 јуни, светската јавност е окупирана од вооружениот бунт на групата Вагнер, под водство на Евгениј Пригожин, против Владимир Путин и властите во Русија.

Loading...

По повод овие настани во Русија говореше и Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет.

Мишел изјави: „Внимателно ја следиме ситуацијата во Русија. Во постојани дискусии сме со нашите партнери од Г7 и лидерите на европските земји. Ова е очигледно внатрешно прашање за Русија. Нашата поддршка за Украина и претседателот Володимир Зеленски останува силна како и секогаш“.

„Ова е внатрешно прашање на Русија. Ја следиме ситуацијата“, рече Ерик Мамер, портпарол на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Да потсетиме, во раните утрински часови во саботата на 24 јуни имаше вооружен бунт на Вагнеровата група, под водство на Евгениј Пригожин, против Владимир Путин и властите во Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.