ЕУ разгледува нов модел за патувања: Повеќе нема да биде важно од каде доаѓате

Сподели со своите пријатели

Европската унија подготвува нов модел за управување со пандемијата на коронавирус за патување, што значи напуштање на пристапот „географска област на потекло на патниците“ и надминување на системот на мапи за зараза што би останале „само за информации“, објави АНСА, цитирајќи извори во италијанската влада.

Loading...

Ограничувањата повеќе нема да се однесуваат на областа од каде доаѓаат патниците, туку на нивниот епидемиолошки статус – потврда за вакцинација, прележување на ковид 19 или негативни тестови.

За важноста на PCR тестовите, состојбата останува максимум 72 часа, а за брзите антигенски тестови од 24 до 48 часа.

Новиот модел за управување со пандемијата би ја земал предвид деветмесечната важност на зелената ковид пропусница, но по истекот на важноста за целосно вакцинирани и оние кои ја примиле третата доза, одлуките ќе се носат „врз основа на проценки“.

Времетраењето на пропусницата ќе се скрати од девет на шест месеци од 1 февруари, а тој рок може да биде проблем за оние кои поминале шест месеци од бустер дозата, бидејќи сѐ уште нема официјални опции за четвртата доза, според АНСА.