Ескалираа тензиите: Утринава од Либан истрелани речиси 100 ракети врз Израел

Сподели со своите пријатели

Речиси 100 ракети утринава беа истрелани врз Израел во два одвоени напади од либанска територија.

Loading...

Израелски извори наведуваат дека изутрината биле извршени два одделни ракетни напади од Либан кон северот на Израел.

Иако беше објавено дека во нападите биле истрелани речиси 100 ракети, не се дадени информации за евентуални жртви.

Претходно, извештаите рекоа дека израелскиот одбранбен систем пресретнал некои од ракетите насочени кон израелскиот регион Горна Галилеја и окупираната Голанска Висорамнина, додека други паднале на отворени области.

Исто така, израелската армија објави дека по полноќ извршила напад на две одделни локации во Либан за кои се тврди дека припаѓаат на Хезболах.

Беше наведено дека целните места се наоѓаат во долината Бека и дека целите им припаѓаат на „воздухопловните сили на Хезболах“.

Во судирите меѓу израелската армија и Хезболах од 8 октомври минатата година загинаа 241 член на Хезболах, 49 либански цивили, 11 членови на движењето Амал, 12 членови на Хамас, 12 членови на Исламски џихад, шест израелски цивили и 11 израелски војници.