Ердоган телефонски ќе разговара со Путин и Зеленски

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира телефонски да разговара со претседателите на Русија и Украина Владимир Путин и Владимир Зеленски за ситуацијата во Украина во наредните денови, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу.

Loading...

Тој рече дека Анкара одржува постојани телефонски контакти со Русија и Украина, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на турската НТВ.

Чавушоглу додаде дека атмосферата на разговорите Москва-Киев е променета.

 

Зеленски одби да го прими германскиот претседател, Германија изненадена и навредена

 

„Но, ние не губиме надеж, ги продолжуваме нашите дипломатски напори да организираме состанок на лидерите, за да постигнеме одржлив прекин на огнот“, рече Чавушоглу.

Тој оцени дека доколку воените дејствија ескалираат во наредните денови, ќе биде тешко да се постигне договор за прекин на огнот.

Loading...

Четвртата рунда руско-украински преговори се одржа во Истанбул на 29 март.