Елката во Киев осветлена за прв пат во согласност со новиот календар

Сподели со своите пријатели

Новогодишната елка на киевскиот плоштад Света Софија, пред истоимената катедрална црква, за прв пат беше осветлена на 6 декември, кога верниците кои го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар го одбележуваат Денот на Свети Никола.

Loading...

Ројтерс јавува дека голем број луѓе се собрале на еден од омилените плоштади во Киев за да бидат сведоци на палењето на елката.

Ова е првпат Свети Никола да се слави според новиот Грегоријански календар, промена што ја одобри верското раководство во Украина за да се огради од религиозната практика во Русија.

Домаќинката Олесија Полиарос рече дека, иако ситуацијата е таква што не е за славење, тие и покрај се го почувствувале божиќниот дух.

Оние кои пристигнаа на плоштадот рекоа дека се согласуваат со изменетиот датум.

„Не треба да имаме ништо заедничко со таа земја“, порачаа насобраните на плоштадот.

Инаку, светилките симболично ги вклучи градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, велејќи дека елката е финансирана од приватни донации за да може да се одвојат државни пари за армијата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...