Експлозивни направи пронајдени кај кумановец

Сподели со своите пријатели

Две експлозивни направи, детонаторски каписли и куршуми биле пронајдени во куќа во Куманово.

Loading...

Според информациите на МВР, против 43 годишно лице од Куманово е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

На 10 овој месец полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом на улица Среќко Пужалка, при што биле пронајдени и одземени две експлозивни направи, две детонаторски каписли и 25 куршуми во различен калибар.

Leave a Reply