Експлозија во зградата на руската шпионска служба (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пожар избувна во зграда што ја користи руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во јужниот град Ростов, на 120 километри од границата со Украина.

Loading...

На интернет се појавија снимки на кои се гледа зграда зафатена од пламен, додека облак од густ црн чад се издигнува во воздухот во населен дел од градот, пишува ТАСС.

 

 

Руските медиуми го објавија пожарот повикувајќи се на службите за итни случаи, велејќи дека зградата припаѓа на регионалниот огранок на граничната патрола на ФСБ.

 

Loading...

 

Локалните власти соопштија дека испратиле итни служби во областа, пренесе РИА Новости.