Експлозија во кафуле во Индија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку четири лица се повредени во денешната експлозија во кафуле во индискиот град Бенгалуру, соопшти полицијата.

Loading...

Експлозијата се случила за време на паузата за ручек, кога вработени од околните канцеларии доаѓаат во кафулето да јадат, пренесува Ројтерс.

Засега не е позната причината за експлозијата, изјави полицаецот кој беше во истрага и додаде дека екипа за деминирање е на пат да го испита случајот.

На телевизиските снимки се гледаат помали оштетувања на влезот во кафулето, додека надвор се пожарникари и полицајци.