Екипите на Црвен крст на Табановце пружиле помош на 856 бегалци

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатите 24 часа, од страна на ДДД службата при ЦЈЗ Куманово, во прифатниот бегалски центар Табановце,  извршена е дезинфекција на вкупно 16.560 метри квадратни, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Екипите на Црвениот крст во периодот од 19-ти до 22-ти овој месец, укажале лекарска помош на 856 лица. Од нивна страна во истиот период биле поделени 1500 литри вода, 38 пакети со храна, пакети за хигиена, млеко за бебиња, ќебиња, пелени, кабаници и дуксери.

Тимовите на Итната медицинска помош во текот на изминатото деноноќие интервенирале во два одделни слуичаи, при што еден бегалец е пренесен на Одделот за интерна медиција при Општа Болница Куманово.