ЕК: Украина треба да ја зајакне борбата против корупцијата

Сподели со своите пријатели

Откако неколку високи украински функционери поднесоа оставки поради наводните набавки на воени материјали по повисоки цени, портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро рече дека како дел од процесот на проширување, во кој земјата сега се наоѓа, се очекува Украина да ја зајакне борбата против корупцијата, особено „висок -профил на корупција“, но дека „Украина се соочува со брутална агресија и треба да работи во неколку области“.

Loading...

Според неа, Украина веќе презела неколку чекори, како што е назначување на шеф на специјализираната антикорупциска канцеларија и отворање конкурс за нов директор на националната канцеларија за борба против корупцијата.

– Но, потребни се дополнителни напори за зајакнување на антикорупциските институции – посочува портпаролката.

Комисијата, вели Писонеро, ќе ги оцени овие напори во следниот годишен извештај за напредокот на земјата кон ЕУ оваа есен.

Таа вели дека ЕУ со години ја поддржува Украина во нејзината борба против корупцијата и дека тоа е „клучна димензија на процесот на проширување“.

На новинарско прашање дали ЕУ има механизми за следење на парите што ЕУ ги испраќа во Украина, Писонеро вели дека „што се однесува до контролата, можам да кажам дека ЕУ има повеќе нивоа на контрола и повеќе механизми за да знае дали парите одат таму каде што треба“.

Таа додава дека ЕУ и Украина имаат политички дијалог во кој се разговара за овие прашања и смета дека е важно да се каже дека ЕУ ги поддржува финансиските потреби на украинските власти, но одлучува каде се најпотребни средства.

Зборувајќи за ревизорскиот извештај за корупцијата од 2021 година, кој покажува дека во Украина не е многу направено на ова поле, Писонеро нагласи дека има напредок во борбата против корупцијата, но дека треба повеќе да се работи во овој процес, во кој Украина има многу поддршка од Унијата и тоа е земја „соочена со брутална агресија и треба да работи во неколку области, а ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина на нејзиниот европски пат“.

Loading...

Меѓу функционерите кои вчера ги напуштија своите позиции во Украина се и заменик-министерот за одбрана Вјачеслав Шаповалов, кој беше задолжен за логистичка поддршка на вооружените сили, заменик-шефот на претседателската администрација Кирило Тимошенко и заменик-јавниот обвинител Алексеј Симоненко.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.