Едно лице потешко повредено на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Nа магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во село Псача на место викано „Бунар“ вчера  во 13.45 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Пасат“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(48) од Скопје и патничко возило „Мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Република Албанија.

Во незгодата, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, со тешки телесни повреди се здобил П.Н., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полицската станица Крива Паланка.

Leave a Reply