Еден загинат и повеќемина повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумогидшен кумановец со иницијали Ф.А. загина во сообраќајна несреќа што околу 14 часот се случи на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во близина на селото Облавце.

Loading...

Во несреќата, како што информираат од полицијата, повредени се пет лица кои со возило на Итната медицинска помош се пренесени во кумановската болница. Сите се надвор од животна опасност.

Несреќата се случила при судир на камион со турски регистарски ознаки, „алфа ромео“ со кумановски таблички и џип со бугарски ознаки управуван од Ф.А. кој починал на лице место.

При судирот, камионот се запалил. На местото на несреќата има три противпожарни возила кои го гаснат возилото, а густ чад може да се забележи од локацијата.

Увидни екипи на СВР Куманово се на терен, а причините за несреќата допрва ќе се утврдуваат.

Leave a Reply