Движењето ЗНАМ со честитка за изборната победа на Петар Маѓар во Унгарија

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија упати честитка за изборната победа на Петар Маѓар и неговата партија ТИСА во Унгарија.

„Во име на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, упатуваме искрени честитки до господинот Петар Маѓар по повод укажаната доверба од граѓаните, како и до партијата ТИСА за остварениот изборен резултат.

Уверени сме дека билатералните односи помеѓу Република Македонија и Унгарија ќе продолжат да се развиваат со засилен интензитет, како и дека ќе се унапредат на уште повисоко ниво, водени од заедничките европски вредности, принципите на демократијата и меѓусебната поддршка.

Традиционалното пријателство меѓу двете држави претставува цврста основа за понатамошно продлабочување и унапредување на соработката и заеднички придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот“, стои во соопштението.

Интегрално соопштение