Триесет и двегодишник од Куманово бил приведен по пријава дека викендов физички нападнал сограѓанин во угостителски објект.
– На 10.05.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј.(32) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, околу 23:00 часот во угостителски бојект во с.Старо Нагоричане физички го нападнал Н.Д.(29) од с.Долно Којнаре, кумановско.
– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

