Дваесет и петгодишен кумановец бил приведен откако украл паричник од паркирано возило во населбата Перо Чичо.
– На 09.05.2026 во 12:55.часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.М.(25) од Куманово затоа што на улица „Ѓорче Петров” во Куманово од паркирано возило со употреба на сила одзел паричник, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

