Четириесет и шестгодишен кумановец бил приведен по пријава дека физички ја нападнал својата мајка.
– На 08.05.2026 во 19:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Х.С.(46) од кумановско село затоа што физички ја нападнал неговата мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

