Две третини од Индијците имаат антитела на коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Во Индија, две третини од населението има антитела на коронавирус, според истражувањето спроведено на 29.000 лица од целата земја во јуни и јули, објави агенцијата, додека западните медиуми укажуваат на сомневањата на експертите дека смртноста од ковид во Индија најверојатно ќе биде многу пати повисока покажуваат официјалните статистички податоци.

Loading...

Националниот серолошки тест, кој го анализира присуството на антитела кон коронавирусот во крвта, беше спроведен во Индија по четврти пат, а за прв пат во него беа вклучени и деца на возраст од шест до 17 години.

Тестирани се 8.691 дете, а половина од примероците биле позитивни на антитела, додека во исто време, 67,6 проценти од испитаните возрасни биле позитивни на антитела.

Според истражувањето, во Мумбаи, најмалку половина од луѓето на возраст под 18 години биле во контакт со вирусот и развиле антитела.

Повеќе од 62 проценти од возрасните во Индија не биле вакцинирани, а од почетокот на јули, нешто повеќе од осум проценти од возрасните во таа земја ги примиле двете дози на вакцината.

Од вкупно 1,4 милијарди жители на Индија, околу 400 милиони од нив немале антитела кон коронавирусот, покажа истражувањето.

Според извештаите објавени од „Волстрит журнал“, се сомнева дека вистинскиот број на смртни случаи од ковид-19 во Индија по разорниот бран на пролетта веројатно би бил 10 пати поголем од официјалниот број, што ја прави пандемијата една од најлошите трагедии што некогаш ја погодила таа јужноазиска земја.

Индија официјално регистрирала повеќе од 414.000 смртни случаи од коронавирус, но научниците и истражувачите сметаат дека реалниот данок за пандемија е многу поголем затоа што болниците низ целата земја биле принудени да одбиваат пациенти кои подоцна умреле дома, честопати нерегистрирани и непроверени, наведува WSJ.

Loading...

Leave a Reply