Две нови жртви на коронавирус во Македонија

Сподели со своите пријатели

Две лица во текот на изминатите 24 часа починаа во Македонија, како резултат на коронавирусот.

Loading...

Како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, на Клиниката за инфективни болести во Скопје починале двајца мажи, еден на 91, другиот на 31 година.

– На клиниката за Инфективни болести во Скопје за жал починаа две лица, сакам да изразам сочувство. Пациент на 91 година кој беше хоспитализиран осум дена и пациент на 31 година чија клиничка слика беше тешка со влошување на состојбата, интубиран на респираторна машина во текот на вчерашниот ден, но денеска претпладне за жал почина, изјави министерот Филипче.

Вкупниот број на нови случаи изминатите 24 часа е 16 и сега вкупниот број на заболени во земјава е 257 лица.

Никола Ивановски

Leave a Reply