Две лица влегле во дом на кумановец и му се заканувале со пиштол

Сподели со своите пријатели

Две лица му влегле дома на четириесет и шестгодишен кумановец и му се заканувале со пиштол.

Loading...

– На 16.03.2024 во 01.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во домот Б.А.(46) на улицата „Киро Антевски” во Куманово влегле две лица и му се заканиле со пиштол, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски