Две лица од Липково барани со меѓународна потерница приведени во Липково

Сподели со своите пријатели

Полициски службеници од СВР Куманово вчера од слобода ги лишиле лицата С.М.(45) и С.М.(66), двајцата од селото Руница, општина Липково.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, за С.М.(45) билa распишанa меѓународнa потерницa за издржување казна затвор од вкупно 12 години за сторени кривични дела: „убиство во обид“и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или  распрскувачки материи“.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Идризово. За С.М. (66) била распишана меѓународна потерница за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „убиство во обид“ и тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Кшање.

Leave a Reply