Две кумановски улици денес без електирчна енергија

Сподели со своите пријатели

Две улици во град Куманово денеска поради изведување на зафати од страна на ЕВН ќе бидат без електрична енергија, информриаат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Имено станува збор за планирани прекини во интервал од 8:45 до 13:30 часот и тоа на улиците „4-ти Јули“ и „Божидар Мицковиќ“.

Снабдувањето со електрична енергија во градот е редовно со ситни дефекти кои веднаш се отстрануваат од дежурните екипи, велат од ЕВН Македонија.