Во текот на вчерашниот ден припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирале на две локации, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Првата интервенција започнала во 12:15 часот, кога била примена дојава за запалена плевна во селото Матејче. На терен веднаш излегле четворица пожарникари со едно противпожарно возило и огнот го ликвидирале до 14:45 часот.
Втората интервенција е на запалена сува трева во населбата Горно Којнаре. Двајца пожарникари интервенирале во период од 14:20 до 15:45 часот.
Причината за пожарните и висината на настанатата штета не се познати, велат надлежните.
Loading...