Две интервенции на пожaрникарите изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие бележат две интервенции на пожари на отворено, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција била на запален смет на улицата „Тоде Думба“, каде тројца пожарникари излегле на терен во 13:20 часот и пожарот го ставиле под контрола за дваесетина минути.

Околу 15:30 часот тројца пожарникари излегле да гаснат запалено стрниште во населбата Карпош, на т.н. Никуљски пат. Во 16:10 часот пожарот бил локализиран.

Причините за избувнување не се познати.

Leave a Reply