Две интервенции на кумановските пожарникари викендов

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари во текот на изминатиот викенд бележат две интервенции, меѓу кои на запалена сува трева и шума, како и запалена бандера.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, вчера во атарот на селото Руница била опожарена сува трева и нискостеблеста деградирана шума.

На терен интервенирале тројца пожарникари во период од 15:45 до 18:35 часот.

Второта интервенција била на запалена бандера лоцирана на улицата „Ужичка“ . Таму интервенирале четворица пожарникари на ТППЕ Куманово во период од 01:25 до 02:05 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply