На апликацијата Телеграм се рашири видео на кое наводно двајца руски војници одбиваат да војуваат во Украина.
Двајца мажи во униформа, прво еден, а потоа и другиот, се појавуваат пред командирот за време на прозивката, а не долго откако се прилично брутално приведени.
Гардијан, повикувајќи се на независниот руски медиум Медуза, кој сподели видео објавено на каналот Телеграма на Воениот омбудсман, објави дека инцидентот се случил во регионот Белгород во Русија.
Видеото оттогаш се прошири низ голем број руски и украински канали на социјалната мрежа.
„Истражникот ги известува војниците дека на 16 ноември против нив е покрената кривична постапка за непочитување наредби (Дел 2.1 од член 332 од Кривичниот законик на Руската Федерација). Овој член предвидува затворска казна од две до три години. Потоа беа приведени“, се вели во соопштението.
Активистите за човекови права веруваат дека видеото е снимено како предупредување за другите.
«Кремль-студия представляет!»
В Белгороде “показательно” арестовали двух мобилизованных, которые отказались ехать воевать в Украину. Что можно сказать, кино зачетное, но отказники совершили достойный поступок, не будут убивать в соседнем государстве людей и сами останутся живыми. pic.twitter.com/4pzfb4EXMh— Press Focus (@Press_Focusnik) November 20, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.